Култура

Врвни џез музичари на меѓународниот „Џез викенд“ во Прилеп

На летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп од денес до 27 август ќе се одржи петтот јубилеен меѓународен „Џез викенд“.

четврток, 25 август 2016

На летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп од денес до 27 август ќе се одржи петтот јубилеен меѓународен „Џез викенд“.

Според Снежана Ристеска, советник за култура на џез фествалот ќе настапат познати имиња, а утревечер ќе го отвори „Биг бенд“-от при МРТВ.

- Прилепскот џез викенд почна да се одржува од 2012 година и досега, кога се одржува по петти јубилеен пат, е препознатлв музички настан во Прилеп и во Македонија, збогатувајќи ја џез-музичката култура кај нас. Во петте години настапија многу познати имиња од џез музиката од Македонија и регионот, а така ќе биде и годинава, за јубилејното издание. Годинава се потрудивме да ги подигнеме стандардите кои си ги поставивме. Ќе има 10 концерти со над 40 врвни џез музичари од земјава и регионот, рече Ристеска.

Владен Дробицки, селекторот на Фестивалот информира дека иако официјалното отворање е утревечер од 21 часот на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“, музички настани има уште од вечерва.

- Вечер, во кафе „Сидро“ во Прилеп ќе настапи младиот скопски состав „Fierce“ и се сметаат за еден од подобрите македонски џез бендови. додека во Џез клубот „Take five“ ќе можеме да го проследиме Филип Стевановски со своето Трио. Но на големо задоволство утревечер, на летната сцена го имаме можеби најдобриот македонски џез состав, „Биг Бенд“ ма МРТВ и се надевам публиката ќе ужива, вели Дробицки.

Утревечер ќе настапи и фри џез составот „Хашима“ од Србија
В петок, на 26 август, на програмата се: „Dine Doneff”s Lost Anthropology“ од Грција, потоа експерименталниот состав „Chui“ од Загреб, а во оф- програмата ќе настапи популарниот диџеј Костадин Шурбановски – Шурбе .

Третата и последна вечер, 27 август, е резервирана за гостите од Хрватска „Franz Kafka Ensemble“ и за незаменливиот Влатко Стефановски со своето Трио. Во оф-програмата ќе настапи Џенгис Ибрахим со проектот „Hi Cazz 3“.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 300 пати.