Култура

Гран при за Антонија Дора Плешко од Хрватска на фестивал “Тра ла ла” во Битола

Антонија Дора Плешко од Хрватска ја освои гран при наградата на интернационалниот фестивал “Тра ла ла” во Битола. Таа на 13 авуст на гала вечерта во рамките на 17-тото издание на фестивалот во Народниот театар настапи со песната „Што те нема” освојувајќи ги во целост симпатиите на публиката и жири комисијата.

понеделник, 15 август 2016

- Се чувствувам одлично. Го сакам овој фестивал и ја сакам Македонија и Битола. По трет пат сум тука и еве го и гран-прито. Досега сум настапувала на цел Балкан, во Америка снимав песни, како и на Бахамите. Со музиката го пропатував светот, изјави Антонија Дора Плешко при врачувањето на наградата.

На затворањето на фестивалот синоќа беа врачени и специјалните награди, како и прва, втора и трета награда во вкупно пет категории. На фестивалот се претставија 53 млади музички таленти од 17 држави. Покрај учесниците од Македонија, на фестивалот настапија солисти и делегации од Шведска, Словенија, Србија, Романија, Португалија, Црна Гора, Молдавија, Малта, Литванија, Косово, Израел, Унгарија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина и Белoрусија.

Фестивалот, кој годинава одбележува 17 години постоење, е во организација на Асоцијацијата за уметност „Алексовски”, а е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и општина Битола.

(Преземено од МИА)

Содржината е прочитана 318 пати.