МАКЕДОНИЈА

Македонија во Aspire Magazine, специјално издание за луксузен туризам

Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија се појави во Aspire Magazine, специјалното издание на Travel Weekly за луксузен туризам.

четврток, 28 јули 2016

Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија се појави во Aspire Magazine, специјалното издание на Travel Weekly за луксузен туризам.

Лела Крстевска, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризам, во интервју за овој магазин ги потенцира природните убавини на Македонија и потенцијалите со кои располага за овој вид туризам.

Поради покажаниот интерес од британската публика, Агенцијата за промоција и поддршка на туризам оваа година во ноември ќе учествува на Aspire Forum, организиран од Travel Weekly Group, каде ќе се остварат средби со над 50 тур-оператори пред кои ќе биде презентирана туристичката понуда за луксузен туризам.

(Преземено од МИА)

 

Содржината е прочитана 705 пати.