Бизнис вести

Средба на претставници на финансиските институции: Македонскиот финансиски систем ја задржа стабилноста

Во Народната банка на Република Македонија денеска се одржа редовна средба на претставници од институциите надлежни за регулирање и надзор на одделни сегменти од финансискиот систем на Република Македонија.

среда, 27 јули 2016

Во Народната банка на Република Македонија денеска се одржа редовна средба на претставници од институциите надлежни за регулирање и надзор на одделни сегменти од финансискиот систем на Република Македонија - Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување, Комисијата за хартии од вредност.

На состанокот, како што соопшти Народната банка, се разговарало за движењата и ризиците со кои се соочуваат одделните сегменти од финансискиот систем на Република Македонија и соодветните супервизорски институции, како и за потребата од преземање, поединечни или координирани, идни мерки и активности. Притоа било заклучено дека и „во услови на неповолни домашни случувања, македонскиот финансиски систем ја задржа својата стабилност“.

На средбата било разговарано и за напредокот во унапредувањето на регулативата и стандардите за работење на финансиските институции, во согласност со меѓународните практики и директивите на Европската унија.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 443 пати.