Култура

Вечерашниот концерт на „Скопско лето“ со гости од Италија

На „Скопско лето“ вечер ќе гостуваат флејтистката Франческа Салвемини и пијанистката Силвана Либардо од Италија кои во Музеј на Град Скопје ќе одржат концерт насловен „Гласови на месечината“ (Voci di Luna).

понеделник, 25 јули 2016

На „Скопско лето“ вечер ќе гостуваат флејтистката Франческа Салвемини и пијанистката Силвана Либардо од Италија кои во Музеј на Град Скопје ќе одржат концерт насловен „Гласови на месечината“ (Voci di Luna).

Концертот е организиран во соработка со „Интерфест“ Битола и на програмата ќе има композиции од Моцарт, Гершвин, Рота, Мориконе...

Дуото „Voci di Luna“ е формирано во 1990 година и има одржано повеќе од 500 концерти во Италија и странство, со репертоар од барок до современа музика. Во 2007 тие снимиле ЦД со оригинални аранжмани на популарна музика на италијанската кинематографија.

Франческа Салвемини и Силвана Либардо имаат издадено музика за флејта и пијано, а одржуваат и мајсторски часови во Италија и надвор од земјата (САД, Јужна Америка).

Во 2015 ја одбележале 25-годишнината од уметничката соработка со посебен концерт одржан во сала на пристаништето во Бриндизи - родното место на Франческа.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 346 пати.