Култура

Почнува снимањето на филмот „Два“

Снимањето на краткометражниот игран филм со работен наслов „Два“ во режија и по сценарио на Марија Апчевска почнува утре.

понеделник, 25 јули 2016

Снимањето на краткометражниот игран филм со работен наслов „Два“ во режија и по сценарио на Марија Апчевска почнува утре. Снимањето ќе се одвива шест дена на повеќе локации во Скопје. Ова е втор краток филм на младата режисерка, која во 2012 година успешно дебитираше со својот филм „Бардо“, кој беше прикажан во Берлин.

Жанровски филмот е coming-of-age драма за една ноќ во животот на две деца и нивниот татко. Улогите ги толкуваат Владимир Тулиев, Димитрија Марковски и Антонија Белазелкоска. Директор на фотографија е Владимир Самоилвски, сценограф е Кирил Спасески, костимите се на Раде Василев, a шминката е на Горан Игњатовски. За кастингот се погрижи Билјана Драгиќевиќ Пројковска.

Филмот е во продукција на „Квазар филм“ и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 321 пати.