Бизнис вести

Обука за можностите за финансирање иновативни бизниси

Фондот за иновации и технолошки развој вчера организираше обука за можностите за финансирање преку програмата Хоризонт 2020 наменета за корисниците на грантови од првиот и вториот јавен повик на Фондот.

вторник, 19 јули 2016

Фондот за иновации и технолошки развој вчера организираше обука за можностите за финансирање преку програмата Хоризонт 2020 наменета за корисниците на грантови од првиот и вториот јавен повик на Фондот.

Целта на обуката е да се запознаат корисниците на грантови со веќе успешни практики во подготовка и имплементација на проекти од оваа програма со што ќе се овозможи солидна основа за идни успешни проекти и мобилизација на средствата од оваа програма.

Можностите за финаnсирање преку програмата ги презентираше д-р Питер Моѓуроши, експерт во областа на управување со иновации, соработка меѓу индустријата и истражувачката дејност, како и трансфер на технологии и воедно советник за јакнење на капацитетите на ФИТР.

(Преземено од МИА)

 

Содржината е прочитана 522 пати.