Бизнис каталог

Бизнис каталог 2016 / летно издание

Ви го пратставуваме летното издание на Бизнис-каталогот на Република Македонија за 2016 година, која е јубилејна во издавањето на овој единствен и ексклузивен каталог од ваков тип.

Почитувани,

Ви го пратставуваме летното издание на Бизнис-каталогот на Република Македонија за 2016 година, која е јубилејна во издавањето на овој единствен и ексклузивен каталог од ваков тип. Обележуваме 20 години континуирана издавачка дејност, но и 20 години од проектот „Избор на најуспешни жени менаџери“ што е претставен на страниците на каталогот во делот „Специјална тема“.

Претставени се сите наградени жени менаџери, како од тековниот избор, така и жените менаџери што биле дел од овој проект, а бележат континуирано успешно менаџирање. Симболиката на статуетката што им е доделена на сите наградени жени менаџери од јубилејот е присутна и во надворешниот израз на дизајнот на ова летно издание на каталогот.

Во каталогот се сместени голем број итервјуа, пред се, од успешните жени менаџери, но и од областа на авиосообраќајот, европските фондови за инвестиции, културата, новинарството, како и теми што се однесуваат на грижата за здравјето и современиот изглед на жената. Во каталогот во континуитет го претставуваме и тематскиот дел „Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што агенцијата „Марили“ го организираше вторпат, а ќе продолжи и во иднина да работи на овој проект.

Во воведниот дел каталогот претставува туристички мозаик на Македонија, на ова парче земја што со своите природни убавини и историски реткости претставува рај за очите и спокој за душата и г повикува сите намерници, туристи и бизнис-гости да се запознаат со убавините што се кријат во пазувите на оваа земја.

Каталогот содржински е достапен и во електронска форма на www.marili.com.mk а истовремено е присутен како добре дојде на аеродромите „ТАВ Македонија“ во Скопје и во Охрид, како и во широката продажна мрежа во Скопје и поголемите градови и им нуди ексклузивни подароци на читателите.

Биснис-каталогот на Република Македонија, како единствено издание од ваков тип, веќе две децении го промовира најдоброто од Македонија, со што придонесуваме за европски лик на нашата земја како туристичка, но и бизнис-дестинација и земја што нуди можности за инвестиции и заемна комуникација на деловните субјекти од земјава и од светот.