Култура

Десет македонски сликари учествуваат на Дојранската ликовна колонија

Десет сликари од неколку градови од Македонија неколку дена работат под јаворите во Дојран и создаваат дела во рамки на третата Дојранска ликовна колонија, која е дел од манифестацијата „Дојран - град на културата“.

понеделник, 04 јули 2016

Десет сликари од неколку градови од Македонија неколку дена работат под јаворите во Дојран и создаваат дела во рамки на третата Дојранска ликовна колонија, која е дел од манифестацијата „Дојран - град на културата“.

Уметниците ги доловуваат убавините на Дојран и Дојранското Езеро создавајќи слики во скоро сите ликовни техники.
- Работата на колонијата ќе заврши утре. Се слика надвор, под јаворите, за да биде атрактивно за посетителите и да видат дека и тука нешто се случува на ликовен план, изјави Ѓорги Божинов-Фаника од организацискиот одбор на Колонијата.

Делата кои ќе бидат создадени за време на колонијата ќе бидат претставени пред јавноста на изложба на 5 ноември, кога се одбележува ослободувањето на Дојран.

(Преземено од МИА)

 

Содржината е прочитана 397 пати.