Бизнис вести

Индустриското производство во мај поголемо за 5,3 отсто

Индустриското производство во мај годинава пораснало за 5,3 отсто во споредба со истиот месец од минатата година, а во првите пет месеци од годинава е за 8 отсто повисоко во споредба со истиот период од 2015 година.

четврток, 30 јуни 2016

Индустриското производство во мај годинава пораснало за 5,3 отсто во споредба со истиот месец од минатата година, а во првите пет месеци од годинава е за 8 отсто повисоко во споредба со истиот период од 2015 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, бележи опаѓање од 19,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 11,7, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 18,4 отсто.

Порастот во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред се, на зголеменото производство на прехранбени производи, пијалаци, тутунски производи, облека, електрична опрема, машини и уреди и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството бележи пораст кај Капитални производи за 34,5 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,4 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,2 проценти, додека опаѓање има кај Енергија за 24,9 отсто и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 отсто.

(Преземено од МИА)

 

Содржината е прочитана 472 пати.