Култура

Изложба „Полската школа на плакат“ во Струмица

Во Завод и музеј Струмица денеска ќе биде отворена изложбата „Полската школа на плакат“ на која ќе бидат претставени плакати од доцните 50-ти години кои, според организаторите, посведочиле како величествен пример на експлозија на „модерноста“ во полската уметност.

четврток, 16 јуни 2016

- Ова, исто така, беа и годините во кои Полскaтa школa за постери стана познатa со името на Хенрик Томашевски (1914–2005) како водечка фигура. Постерската уметност создадена во Полска, беше филозофска, кратка и минималистичка до работ на апстракција, истовремено, заштитувајќи ги амбициите на пошироката општествена резонанса. Почетоците на Полската школа на плакат биле означени со моменталната либерализација на комунистичкиот систем. Концептот на визуелна комуникација оформен од полските дизајнери на постери во 1950-те и 1960-те сè уште е валиден и денес. Сугестивната моќ и дрските алузии сè уште се живи, изјави Зоран Рујак, директор на Завод и музеј Струмица.

Изложбата „Полска школа на плакат“ ќе биде отворена до 22 јуни.

(Преземено од МИА)

Содржината е прочитана 382 пати.