Култура

Книжевен портрет на Влада Урошевиќ во Париз

Во рамки на фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа во Париз (SEE a Paris), во галеријата на престижниот „Le Palace“ беше претставен книжевен портрет на познатиот македонски писател, академик Влада Урошевиќ.

среда, 08 јуни 2016

Во рамки на фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа во Париз (SEE a Paris), во галеријата на престижниот „Le Palace“ беше претставен книжевен портрет на познатиот македонски писател, академик Влада Урошевиќ.

За творештвото на Урошевиќ, кое е преведено на повеќе светски јазици, зборуваше Јордан Плевнеш, ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – Скопје, и Франсис Комб, поет издавач и добитник на наградата Europa Prima Literature 2016 на фестивалот SEE a Paris.

Во присуство на голем број истакнати личности од јавиот живот во Франција, меѓу кои и поетот Адонис, (добитник на Златен венец на Струшките вечери на поезијата), беше претставена обемната поетска антологија на Урошевиќ од неговото петдецениско поетско творештво.

Посебен акцент на презентацијата и даде насловната страница на книгата „Еден друг град“, каде што е прикажан колаж на авторот Урошевиќ и познатата катедрала Нотрдам поплавена.

- Бидејќи во исто време во Париз имаше големи поплави, интересот во париските книжарници за книгата на Урошевиќ беше голем и доби една актуелна димензија, како илустрација дека поетите се вечните пророци на светот, соопшти организаторот на фестивалот.

(Преземено од МИА)


 

Содржината е прочитана 379 пати.