Култура

Филмот „Ноќен живот“ премиерно во Карлови Вари

Во главната селекција на Филмскиот фестивал во Карлови Вари на 6 јули премиерно ќе биде прикажан филмот „Ноќен живот” на словенечкиот режисер Дамјан Козоле, копродукција на Словенија, Македонија и Босна и Херцеговина.

четврток, 02 јуни 2016

Во главната селекција на Филмскиот фестивал во Карлови Вари на 6 јули премиерно ќе биде прикажан филмот „Ноќен живот” на словенечкиот режисер Дамјан Козоле, копродукција на Словенија, Македонија и Босна и Херцеговина.

Како што соопшти „Сестри и брат Митевски“ - копродукциски партнер од Македонија, филмот раскажува за двајца сопружници чии животи одеднаш ќе се сменат по несреќата што ќе му се случи на мажот.

- Филмот беше поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија. Македонската екипа ја сочинуваат актерот Петар Арсовски, Иво Трајков како монтажер, Мојца Горогранц-Петрушевска - шминкер, композиции и музика се користени од Сашко Коцев, асистент на камера е Маријан Боцевски, асистент на сценографија е Бобан Петрушевски, дел од звукот е работен во Аудиохаус и специјални ефекти се изработени во студиото на ФХ3Х, информира македонската продукција.

Режисерот Козоле е познат по актуелните теми на неговите филмови кои постигнуваат и големи успеси на фестиваите, но и во дистрибуцијата во Европа. Меѓу неговите поуспешни филмови е „Резервни делови” кој беше прикажан во главната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал и дистрибуиран во 15 европски земји.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 440 пати.