Македонија

Тур оператори од Казахстан на инфо тура во Македонија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризам организираше инфо тура во Македонија за тур оператори од Казахстан.

вторник, 31 мај 2016

Агенцијата за промоција и поддршка на туризам организираше инфо тура во Македонија за тур оператори од Казахстан.
Како што информира Агенцијата, за време на престојот гостите од Казахстан остварија 30 средби со претставници од приватниот туристички сектор на Македонија и ги разгледуваа потенцијалите за вклучување на земјата во нивната туристичка понуда, а најголем впечаток оставиле природата, езерата, спа туризмот и друго.

Инфо турата беше организирана во соработка со Илија Псалтиров, амбасадор на Република Македонија во Казахстан.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ќе продолжи со иницијативата за поддршка на приватниот сектор преку директно поврзување со странските тур оператори.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 566 пати.