Култура

Струшкиот Музеј ќе го одбележи Меѓународниот ден на музеите (ПВТ)

Со изложба на графики од Љубе Алексовски и промоција на збирката раскази „Николај (фикција.вода.вистина)“ струшкиот музеј „Доктор Никола Незлобински“ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на музеите – 18 мај.

среда, 18 мај 2016

Во спомен домот на Браќата Миладиновци ќе се одржи литературен омаж на Никола и Софија Незлобински - промоција на збирката раскази „Николај (фикција.вода.вистина)“ од авторите Димитрие Дурацовски, Зоран Ковачески, Мерсиха Исмајлоска, Мите Стефоски, Ненад Јолдески и Никола Кукунеш.

Изложбата на графики од Алексовски ќе биде отворена во галеријата „Вангел Коџоман.

Во рамките на политиката на Музејот за отвореност и достапност кон сите граѓани, на Денот на музеите влезот ќе биде бесплатен за сите поставки.

Музејот „Др. Никола Незлобински“ од Струга за посетителите е отворен од вторник до петок од 1 мај до 1 октомври.
(Преземено од МИА)
 
Содржината е прочитана 398 пати.