Интервјуа

Интервју со д-р Анета Кокалеска-Петрушевска, спец. дерматолог, директорка во ординација „Д-р Анчевски“ - Скопје

Горди сме на врвната технологија, ласерите, третмантешто секогаш први ги промовираме, а често остануваат и единствени во нашата земја, како и на многубројните едукации што ги извршуваме надвор од нашата земја. Исто така, горди сме и на тимот што го градевме сите овие години и со него е вистинско задоволство да се работи заради посветеноста и залагањата на секој поединец.

понеделник, 16 мај 2016

МАРИЛИ: Д-р Кокалеска-Петрушевска, ординацијата „Д-р Анчевски“ го одбележа своето десетгодишно успешно работење. Можете ли да кажете што точно Ви значи еднодецениското постоење на македонскиот пазар?
КОКАЛЕСКА-ПЕТРУШЕВСКА:
Една деценија постоење е значаен јубилеј за секоја фирма, па и за нашата, десетгодишна посветеност на здравјето и на убавината на кожата. Бевме насочени да ја оствариме нашата мисија за обезбедување врвна услуга од областа на дерматовенерологијата, како и естетско-корективната дејност преку континуирано едуцирање и техничко-технолошко и кадровско надградување, како и нашата визија да бидеме признаени од пациентите клиенти, како и од колегите лекари како најдобро место каде што може да се добие здравствена услуга за која било состојба на кожата.

МАРИЛИ: Ако се свртите наназад, кој е најголемиот успех што Ве прави најмногу горди и што Ве одвојува од другите на пазарот?
КОКАЛЕСКА-ПЕТРУШЕВСКА:
По многу нешта сме единствени на пазарот - најпрво по двојната дејност што ја извршуваме, а тоа е дерматовенерологијата и естетско-корективната дерматологија. Второ, по комплетноста во понудата во двата сегмента, односно по дијагностичките и тераписките можности на сите кожни заболувања, како и многу широка палета на третмани за лице, тело и за коса, за која ни е оддадено признание од колегите од многу светски центри што дошле во посета на нашата ординација. Горди сме на врвната технологија, ласерите, третмантешто секогаш први ги промовираме, а често остануваат и единствени во нашата земја, како и на многубројните едукации што ги извршуваме надвор од нашата земја. Исто така, горди сме и на тимот што го градевме сите овие години и со него е вистинско задоволство да се работи заради посветеноста и залагањата на секој поединец. Сметам дека наш најзначаен успех се големиот број пациенти и клиенти што ја посетуваат нашата ординација, за кои постоиме и за кои се трудиме да направиме сè што можеме за да ја решиме успешно нивната кожна состојба.

МАРИЛИ: „Д-р Анчевски“ меѓу првите работеше со ласерски третмани и важите за ординација што постојано е во чекор со современите третмани, апарати и пристапи, дали ги следите сите новини во оваа област и колку е важно да се инвестира во новитетите?
КОКАЛЕСКА-ПЕТРУШЕВСКА:
Полето на дерматологијата, особено естетската дерматологија, е најбрзо растечко поле во смисла на воведување нови третмани и технологии. Голема предност е на пациентите и на клиентите да им се овозможи користење на вакви новитети во сопствената земја. Најмногу ни значи тоа што тие залагања ни се признаени од колегите лекари од сите специјалности и кои ги упатуваат своите пациенти на консултации, дијагностика и лекување во нашата ординација, како и од самите пациентиклиенти. Во текот на овие 10 години воведовме неколку техники штобеа и останаа единствени во Република Македонија. Дел од палетата на новини во оваа деценијае воведувањето на: компјутеризирана дерматоскопија за анализа и за следење на бенки и на други пигментни промени на кожата, отстранување на разни кожни израстоци и промени со помош на радиобранова фреквенција, без шиење, со минимална траума и со брза регенерација, озонотерапија за подобрување на имунитетот и телесно рејувенирање, ласерско отстранување влакна со најновиот ласер со диодна технологија, како и најнова палета на ласери за отстранување тетоважи, ласер за третман на габични инфекции на нокти, ласерско третирање на попуштени вени и капилари, ласери за подмладување и за освежување на лице, отстранување дамки и капилари, ласери за топење масти и целулит, потоа палета на третмани за ремоделирањена лицето со ботокс и филери, со кое се добива ефект на нехируршки лифтинг, третман со плазма (ПРП) за освежување на лицето, како и за спречување на паѓањето на косата и поттикнување нов раст на влакната. Инвестирање во новитети е наша ориентација уште од самиот почеток и тоа е еден од клучните фактори ако една фирма цели да остане на врвот на дејноста што ја извршува.

МАРИЛИ: Какви планови има ординацијата за блиска иднина?
КОКАЛЕСКА-ПЕТРУШЕВСКА:
Во иднина ќе продолжиме да чекориме по истиот професионален пат и да се залагаме за континуирано усовршување на тимот и константно подобрување и збогатување на понудата со нови техники и третмани во интерес на многубројните задоволни пациенти-клиенти.

МАРИЛИ: Што би им препорачале на нашите читатели ?
КОКАЛЕСКА-ПЕТРУШЕВСКА:
На читателите на Вашиот реномиран портал им препорачувам грижата за здравјето и за убавината на својата кожа да му ја препуштат на тимот дерматовенеролози во ординацијата„Д-р Анчевски“. Било да е во прашање медицинска состојба на кожата или естетски проблем, секогаш ќе добиете соодветно стручно мислење и предлогза индивидуализирано решение за вашата состојба.


-
 

Содржината е прочитана 5137 пати.