Култура

КИЦ на РМ во Софија учествува во „Европската ноќ на литературата“

Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, со поддршка на Министерството за култура на РМ, по четврти пат е дел од организацискиот одбор и учесник на манифестацијата „Европска ноќ на литературата" која денеска, петта година по ред, ќе се одржува во Софија и во уште десет други бугарски градови.

четврток, 12 мај 2016

На 12 места во Софија во исто време, од 18 до 22 часот, ќе бидат читани автори од земјите учесници, кои се преведени на бугарски јазик.

Годинава КИЦ на РМ во Софија ќе претстави стихови од последната стихозбирка од македонски автор објавена на бугарски јазик - „Последните ракописи" од Славе Ѓорго Димоски. Нив ќе ги пренесат актерите Ѓорге Георгиев-Антика и Игор Дамјанов.

Македонското читање ќе се одвива во просторот за европски креативни индустрии „Склад", на улицата Бенковски во Софија.

(Преземено од МИА)
 
Содржината е прочитана 425 пати.