Бизнис вести

ССК: Компаниите сами да произведуваат струја од ОИЕ

Македонските компаниии треба да ги искористат поволностите што им се днудат и да инвестираат во сопствени капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија (ОИЕ), препорачуваат од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

среда, 20 април 2016

Македонските компаниии треба да ги искористат поволностите што им се днудат и да инвестираат во сопствени капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија (ОИЕ), препорачуваат од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

- Покрај стекнувањето енергетска независност со изградбата на сопствена фотоволтаична (фотонапонска) електрана, електрана на биогас или мала хидроелектрана за производство на струја на компаниите им се нуди можност за загарантирана продажба на вишокот на електрична енергија по повластени тарифи. Вложувањето во објектот за компаниите се исплатува за три до осум години во зависност од квалитетот и центата на опремата, рече Ѓорѓи Манасков од Групацијата за енергетика при ССК на одржаната прес-конференција.

Тој посочи дека инвестирањето во сопствен капацитет од ОИЕ е клучен фактор за помали трошоци за компаниите и унапредување на животната средина во земјава.

- Можноста за поседување и користење на сопствената електрична енергија е присутна за компаниите и за сите граѓани преку искористувањето на обновливите извори на енергија како сончевата енергија, хидроенергијата, геотермалната енергија, како и енергијата од ветерот и од гасот, рече Манасков и нагласи дека за нивна изградба се нудат поволни банкарски кредити од Европската банка.

Македонија, додаде, е земја поволна за инвестиции и изградба на мали и големи фотонапонски централи од 1 до 2, па и до 100 мегавати, за кои веќе постои интерес за инвестирање од македонски и странски компании.

Прецизира дека инвестирањето во сопствена фотоволтаична електрана во домаќинството се исплаќа за најмалку 12 години поради ниската цена на електричната енргија за тарифините потрошувачи.

- Сопственикот капацитет за производство на електрична енергија може да биде по принципот „он грид“, односно поврзување со дистрибутивната мрежа на ЕВН и продажба на вишокот на елелктрична енергија и купување кога нема доволно, или, пак, по принципот „оф грид“, односно користење само на сопствена мрежа и чување на вишокот на струја во специјални батерии, рече Мнасков, нагласувајќи дека со измените на Законот за градба од февруари годинава многу е поедоставена постапката за добивање дозвола за градба на сопствени енергетски објекти од ОИЕ.

Најави дека во соработка со ССК ќе организираат обуки за компаниите за искористување и инвестирање во ОИЕ, каде детално ќе биде објаснета процедурата за аплицирање на тендер и потребната документација, а врз основа на подготвени пред-физибилити студии ќе се проектира и изградбата на фотоволтаици, хидро централи, ветерници и други алтернативни извори на електрична енергија.

Според податоците од Државниот завод за статистика, во Македонија, 70,1 отсто од вкупно потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 29,9 проценти се од увоз. Од произведената струја во земјава дури 98,2 отсто се добива од термоелектраните на јаглен.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 450 пати.