Култура

Концерт „Мала Италија во Скопје“

Италијанската култура ќе биде претставена преку наполитанските арии на концерт насловен „Мала Италија во Скопје“, што ќе се одржи вечер во Музејот на македонската борба.

среда, 20 април 2016

Италијанската култура ќе биде претставена преку наполитанските арии на концерт насловен „Мала Италија во Скопје“, што ќе се одржи вечер во Музејот на македонската борба.

Мотивација за настанот е потребата од воведување на нови вечери кои ќе ја претстават класичната музика во едно поинакво светло и ќе придонесат за подигнување на интересот за овој вид на изведби.

Концертот во траење од два часа ќе им овозможи на присутните да ја доживеат италијанската музика и ќе ги задоволи дури и најпребирливите обожаватели на арии.

По завршување на концертот предвидена е коктел забава на која гостите ќе имаат можност да се запознаат со тројцата изведувачи: сопранот Гонца Богоромова, баритонот Павле Камилоски и драмскиот тенор Христо Арсовски.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 393 пати.