Култура

Филхармонија со „Петре и волкот“ во Гевгелија и во Струга

Македонската филхармонија денеска ќе гостува во Гевгелија каде под диригентската палка на Борјан Цанев ќе се претстави со синфониски концерт за најмладите.

среда, 20 април 2016

Македонската филхармонија денеска ќе гостува во Гевгелија каде под диригентската палка на Борјан Цанев ќе се претстави со синфониски концерт за најмладите.

Оркестарот ќе настапи во Домот на културата „Македонија“ каде ќе ја изведе „Петре и волкот“, едно од најпознатите дела на рускиот композитор Сергеј Прокофјев.

Свитата е напишана за наратор и оркестар, чии поединечни инструменти или групи на инструменти ги претставуваат ликовите во приказната. Наратор ќе биде актерот Мартин Јорданоски, кој ќе ги води децата низ авантурите на Петре.

„Петре и волкот“ ќе биде изведена и во петок во Домот на културата „Браќа Миладиновци“ во Струга.

- Гостувањето на Македонската филхармонија во Гевгелија и во Струга е дел од мисијата на нашата институција да влијае врз музичката едукација на младите и во другите градови во Македонија. Оваа практика ја почнавме одамна и ја продолжуваме и годинава, и освен забавна и уметничка, ваквите концерти имаат и образовна цел. Децата се среќни, доаѓаат на нашите концерти и тоа за нив претставува нешто ново, нешто интересно, а во истовреме и многу поучно, вели Маја Чанаќевиќ, директорка на Македонската филхармонија.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 410 пати.