Инфо

Ација за пролетно косење и чистење на зеленилото

Деновиве, во Акцијата за пролетно косење и чистење на зеленилото, екипи на ЈП„Паркови и зеленило“ работат на средување на зеленилото на повеќе локации низ градот.

вторник, 19 април 2016

Деновиве, во Акцијата за пролетно косење и чистење на зеленилото, екипи на ЈП„Паркови и зеленило“ работат на средување на зеленилото на повеќе локации низ градот.

Екипите извршија косење на булеварското и на страничното зеленило на булеварот 8. Септември (кај СЦ Борис Трајковски), а викендов извршија косење и чистење на булеварско зеленило и на булеварот Александар Македонски на потег од Агро сервис до патот за Куманово.

Во рамките на Акцијата се изврши чистење, косење и утовар на трева и смет на страничното диво израснато зеленило, на потег од касарната Илинден се до мостот на Качанички пат.

Околу 80 илјади квадратни метри тревната површина се искоси и на Кејот на левата обала на реката Вардар, на потег од Камени Мост се до болницата Систина, и се изнесе смет, ѓубре и отпадоци од зеленилото.

Покрај интензивното косење на тревата, во оваа пролетна Акција се опфатени и активностите на садење сезонски цветен расад од повеќе видови во цветните леи, како и тековните преостанати активности на окопување, плевење,чистење на зеленилото, и кроење и кастрење на вегетацијата.
 

Содржината е прочитана 515 пати.