Македонија

Македонија атрактивна за норвешките туристи

Истакнати имиња од туристичката индустрија на Норвешка како Travel Invest, Temareiser Fredrikstad, Tele-Tur AS, Aktive Fredsreiser, Travel for peace и туристичка асоцијација Аntor викендов ја посетија Македонија и се сретнаа со претставници на 30 компании од приватниот сектор.

вторник, 19 април 2016

Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризам, туристичката понуда на Скопје и Охрид и нивното историско и културно наследство беа највпечатливи за норвешките тур-оператори. Сметаат дека Македонија има огромен потенцијал на норвешкиот пазар, најмногу со езера, култура, рурален, активен, вински и гастро туризам.
Дополнително, потенцијалите за развој на туристичката понуда се зајакнати со неодамна отворениот директен лет Скопје - Осло, со Виз-ер.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, како што соопшти, ќе продолжи со иницијативата за поддршка на македонскиот приватен сектор, преку директно поврзување со странските тур-оператори.

(Преземено од МИА)

Содржината е прочитана 556 пати.