Култура

Париската танцова компанија „Руалите“ вечер на „Танц фест“

На „Танц фест“ вечер ќе гостува танцовата компанија „Руалите“ од Париз која во Дансинг салата во Младинскиот културен центар ќе се претстави со необичен танцов и музички перформанс. Во претставата се вклучени танчари, вокал и музика, која се изведува во живо.

понеделник, 18 април 2016

На „Танц фест“ вечер ќе гостува танцовата компанија „Руалите“ од Париз која во Дансинг салата во Младинскиот културен центар ќе се претстави со необичен танцов и музички перформанс. Во претставата се вклучени танчари, вокал и музика, која се изведува во живо.

Компанијата „Руалите“ во 2002 година е основана од кореографката Бинтоу Дембеле која поврзува современа танцова техника со хип-хоп и крамп стил, придружено со современа музика изведена во живо од Чарлс Амблард, Шарлин Андџембе и Винсент Хоп.

Бинтоу развива експериментален проект во кој соединува танчари со истражувачи и академци и со нив создава истражувачка лабораторија. Како резултат на таа лабораторија и истражување, се создава и проектот „S/T/R/A/T/E/S“ кој македонската публика ќе има можност да го види вечер во МКЦ во Скопје, а утре во Народниот театар во Велес.

- Бинтоу Дембеле е исклучителен уметник. Таа е танчарка и кореограф, која својата инспирација и креација ја наоѓа во хип-хоп културата, преку која се оформува како уметник. Бинтоу Дембеле е меѓу првите уметници кои хип хоп стилот го внесуваат во уметничките проекти кои се развиваат во Париз. Во 1996 година започнува да танцува во трупата на Современиот танц театар на Париз, предводена од Кристијан Таме. Како изведувач настапува и со трупите Mission Impossible, Aktuel Force и Käfig company. Бинтоу е коосновач на групите Ykanji и Ladyside, а настапува и за познатиот француски рапер MC Solaar, информира „Танц фест“.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 358 пати.