Бизнис вести

Двомесечен прекин во сообраќањето на возовите на релација Скопје - Белград и обратно

Меѓународните возови број 335/334 и 337/336 на релација Белград - Скопје и обратно, од утре (18 април) до 18 јуни 2016 нема да сообраќаат, соопшти Македонски железници Транспорт а.д. Скопје.

понеделник, 18 април 2016

Меѓународните возови број 335/334 и 337/336 на релација Белград - Скопје и обратно, од утре (18 април) до 18 јуни 2016 нема да сообраќаат, соопшти Македонски железници Транспорт а.д. Скопје.

Двомесечниот прекин на сообраќањето на возовите е поради извршување градежни работи на железничката линија на територијата на железницата на Србија, на делницата Ниш - Прешево - државна граница на Република Македонија.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 402 пати.