Култура

Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј ја одбележа годишнината од своето формирање

На 31 март се навршија 38 години од формирањето на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. По повод својот јубилеј Извршниот одбор на Друштвото изнесе работен план за престојните две години со цел да се прослави во 2018 година 40 годишницатаод постоењето.

понеделник, 11 април 2016

На 31 март се навршија 38 години од формирањето на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. По повод својот јубилеј Извршниот одбор на Друштвото изнесе работен план за престојните две години со цел да се прослави во 2018 година 40 годишницатаод постоењето. Се планира покрај издавањето на повеќе наслови од членовите, да се издадат книгите: Монографија од Друштвото; Архивот на Друштвото како и Антологија со поезија од своите членови.

На седницата исто така се усвоија предлозите за прогласување на нови почесни членови и дописни членови кои активно го помогнувале Друштвото во еден подолг период. За почесни членови се прогласија: Раде Силјан, истакнат поет, книжевен критичар, преведувач и долгогодишен издавач; Панде Манојлов, истакнат поет, прозаист, критичар и новинар;Фиданка Танаскова, истакната новинарка и писателка.

За дописни членови, кои активно го промовираат Друштвото за последните пет години, се прогласија:

Игор Павловски од Мелбурн; Наум Трајческиод Квинбијан; Гроздан Јовановски од Њукастел (сите од Австралија), потоа Радојка Трајанова од Скопје (Македонија); Лилјана Стоилковска –Андовскаод Малме (Шведска); Саво Костадиновски од Келн (Германија); Милица Паулус од Минхен (Германија);Елизабета Петровска од Загреб (Хрватска); Ристо Стефов од Онтарио (Канада); Алексо Лозановски од Торонто (Канада); Михаил Серафиноф од Вашингтон (Америка).

Од Изршниот одбор на
МЛД „Григор Прличев“
Сиднеј - Австралија


 

Содржината е прочитана 535 пати.