Бизнис каталог

Бизнис каталог 2016 / зимско издание

Пред Вас е јубилејното дваесетто издание на Бизнис каталог на Република Македонија за 2016 година. Атрактивноста на содржините во континуитет произлегуваат од бизнис сферата, но и од најзначаните проекти од областа на туризмот, творештвото, екологијата, медицината, спортот и др.

Почитувани,

Дваесеттото јубилејно издание на бизнис-каталогот на Република Македонија ја одразува симболиката на истрајноста и упорноста карактеристични за бизнисот, но и за непрегорот на ова парче земја да опстои и уште посилно да ги зачува својата култура, традиција, обичаи и јазик. Токму затоа ова јубилејно издание е иснспирирано од фолклорот што го отсликува битот на Македонецот, она што не прави уникатни, единствени и препознатливи во големото европско семејство на народи и што е најдобар доказ за високата вредност на овој народ.

Способноста да создаваме оригинални дела во културата претставува доказ дека можеме да правиме и производи со уникатна и препознатлива вредност што ќе водат кон светскиот пазар и ќе бидат перспектива на економскиот развој на Република Македонија. Овој исклучителен спој на културата и економијата се постојана инспирација за 20-годишното живеење на ова издавачко дело и моја желба на ваков начин да се промовира Република Македонија.

Постојано дополнуван и збогатуван содржински, промотивно, но и во дистрибуцијата, каталогот стана сведоштво на едно време и на динамиката со која живееше бизнисот во секој сегмент, но и на предвидувањата на економските експерти наспроти реалноста.

Каталогот е сведоштво и на еден голем бизнис-проект поставен од агенцијата „Марили“, насловен како „Избор на најуспешни жени менаџери во Република Македонија и од дијаспората“ што, исто така, го обележува својот 20-годишен јубилеј. Следејќи го овој проект, на страниците на каталогот се промовираа компании од кои доаѓаат жените менаџери, а во последните години присутни се и одблесоци од манифестацијата од доделувањето признанија и од свечениот амбиент.