Култура

Проекција на „Приказни од Стокхолм“ во Кинотека на Македонија

Во Кинотека на Македонија, вечер во 20 часот премиерно ќе биде прикажан шведскиот филм „Приказни од Стокхолм“ во режија на Карин Фален.

среда, 27 јануари 2016

Во Кинотека на Македонија, вечер во 20 часот премиерно ќе биде прикажан шведскиот филм „Приказни од Стокхолм“ во режија на Карин Фален.

Проекцијата на филмот снимен 2014 година, е во организација на Амбасадата на Шведска.

Шведската филмска критика со суперлативи се изјасни за филмот. Според „Свенска дагбладет“, станува збор за еден од најдобрите шведски филмови на годината. „Гетеборг постен“ се изјасни дека е тоа филм од висок интернационален калибар, а „Мувизајн“ дека се тоа незаборавни шведски „Кратки приказни“.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Мртин Валстром, Јонас Карлсон, Јулиа Регнарсон и Филип Берг.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 533 пати.