Култура

Проекција на филмот „Дипломатија“ по повод годишнината од Елисејскиот договор

По повод 53 години од потпишувањето на Елисејскиот договор, амбасадите на Германија и Франција во Скопје вечер од 18 часот организираат проекција на филмот „Дипломатија“ во Кинотеката на Македонија.

четврток, 21 јануари 2016

По повод 53 години од потпишувањето на Елисејскиот договор, амбасадите на Германија и Франција во Скопје вечер од 18 часот организираат проекција на филмот „Дипломатија“ во Кинотеката на Македонија.

Филмот е во режија на Фолкер Шлендорф, снимен во 2014 година, со Андре Дисолие, Нилс Арестрип и Бургарт Клауснер.

Филмот лани доби „Цезар“ за најдобра филмска адаптација, а актерот Нилс Арестрип беше номиниран за наградата „Цезар“ за најдобра машка улога.

Пред вечерашната проекција се најавени обраќања на амбасадорките на Германија и Франција, Кристине Алтхаузер и Лоранс Оер.

Филмот е со превод на македонски и на англиски јазик. Влезот за посетителите е бесплатен, со претходна резервација во Кинотеката на Македонија.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 521 пати.