Култура

Почна снимањето на краткиот игран филм „Ќе дојдат децата“

Почна снимањето на краткиот игран филм „Ќе дојдат децата“ во режија на Ана Јакимоска, а по сценарио на Бранко Костески. Филмот се снима на повеќе локации во околината на Скопје и Битола.

четврток, 21 јануари 2016

Почна снимањето на краткиот игран филм „Ќе дојдат децата“ во режија на Ана Јакимоска, а по сценарио на Бранко Костески. Филмот се снима на повеќе локации во околината на Скопје и Битола.

Филмот жанровски е драма и во него се раскажува за млада учителка која пристигнува во едно планинско село за да ги учи децата, но единствениот човек што го среќава таму е старата служителка на училиштето. Додека учителката ги чека децата да дојдат во училиштето, таа открива поинакви животни тајни.

Актерската екипа ја сочинуваат Наташа Петровиќ, Шенка Кољозова и Владимир Петков.
Директор на фотографија е Наум Доксевски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Милена Атанасова, шминката е на Ѓулфери Качаревиќ, а продуценти се Дејан Крајчевски и Марија Димитрова.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм, а се реализира во соработка со Факултетот за драмски уметности од Скопје.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 519 пати.