Култура

Премиера на „Петар Пан“ во Театарот за деца и младинци

Куклената претстава за деца „Петар Пан“ на режисерот Боњо Лунгов, вчера беше премиерно изведена во Театарот за деца и младинци.

четврток, 14 јануари 2016

Куклената претстава за деца „Петар Пан“ на режисерот Боњо Лунгов, вчера беше премиерно изведена во Театарот за деца и младинци.

Претставата „Петар Пан“ говори за детето што никогаш не пораснува, за детето кое секој од нас сака да го задржи постојано во себе.

Текстот на претставата е во превод на Трајче Кацаров, музиката е на Михаил Шишков, а автор на кукли, сценографија и костимографија е Дилјана Прванова. Во претставата учествуваат Ненад Митевски како Петар Пан, Наташа Петровиќ како Венди, Мартин Јорданоски како Капетан Кук, Татјана Павловска Кочовска како Ѕвончица и многу други.

Режисерот Боњо Лунгов на прес-конференција истакна дека претставата изобилува со имагинација, хумор, песни и смеа преку кои гледачите ќе доживеат фантастични моменти.

- Претставата зборува за детето што треба секој од нас да го чува. Секој од нас, ако некогаш се сети кога бил дете, ќе стане подобар. Кога можеш да леташ, дали во буквална смисла или не, летот е лет. Ти полетуваш со желба и енергија да направиш нешто во животот. Во таа смисла куклениот театар дава можност човек да потоне во една таква атмосфера, вели Лунгов, додавајќи дека посетителите ќе полетаат со хероите со помош на волшебниот прав и ќе се присетат на игрите од детството.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 530 пати.