Култура

Професионалните театри сезонава со поголем бројот претстави и посетители

Вкупниот број прикажани претстави во професионалните театри во Македонија во сезоната 2014/2015 година е зголемен за 5,6 отсто, а бројот на посетители пораснал за 14,3 проценти во споредба со сезоната 2013/2014. Просечниот број на посетители на една претстава изнесува 222.

петок, 25 декември 2015

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е намален за 4,2, а бројот на посетителите за 7,1 отсто. Кај аматерските театри, пак, бројот на претстави е помал за 20,4, а вкупниот број на посетителите за 7,6 проценти.

Намалување на бројот на концерти е забележан и кај Македонската филхармонија, но таму има зголемен број посетители во однос на претходната сезона. За разлика од филхармонијата кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“ има намалување и на бројот на самостојните концерти и на бројот на посетители.

(Преземено од МИА)

Содржината е прочитана 538 пати.