Мода

Колекција „На полноќ“ Е/3 2016

Ноќта во зима има некоја своја магија која буди посебни чувства. Снежната прекривка на дрвата, одсјајот на месечината од улиците, небесните ширини после првиот снег... Тој спектар на студени бои е инспирацијата за оваа колекција наменета за модерната жена која е вечна инспирација.

понеделник, 21 декември 2015

Ноќта во зима има некоја своја магија која буди посебни чувства. Снежната прекривка на дрвата, одсјајот на месечината од улиците, небесните ширини после првиот снег... Тој спектар на студени бои е инспирацијата за оваа колекција наменета за модерната жена која е вечна инспирација. Романтизмот кој е карактеристичен за нашето ателје се појавува овојпат преку нежните силуети и кроеви кои се нагласени со тенко каивче со мини машна – како заштитен знак за оваа колекција.
Креациите се надополнети со рачно изработен накит – ланчиња и обетки изработени од ланци, кристали и бисери, како и венчиња од свилена органза и светки кои го надополнуваат целосниот изглед.

Колекцијата е достапна во ателје и онлајн на shop.antonijaristovska.com
 

Содржината е прочитана 827 пати.