Интервјуа

Интервју со г-ѓа Олгица Стокуќа, менаџерка во „Стокуќа“ дооел - Скопје

Ние ги прифаќаме и детално ги проучуваме современите трендови, а тоа ни овозможува на секој инвеститор да му понудиме услуга, во согласност со неговите желби и барања. Тоа значи дека нашите стручни лица се специјализирани за индивидуални области, со што истовремено го задоволуваме квалитетот на нашите услуги.

четврток, 17 декември 2015

МАРИЛИ: Госпоѓа Стокуќа, Ве молиме прво да ни дадете краток опис на работата на Вашата компанија,со оглед дека годинава одбележувате 15 години од нејзиното постоење.
СТОКУЌА:
Нашата компанија е формирана во 2000 година и оваа година слави 15 години од своето постоење. Тоа е семејна компанија во која мојот сопруг Зоран Стокуќа, кој е дипломиран градежен инженер,е управител. Нашиот тим е составен од млада, креативна и продуктивна екипа.
Дел од тимот поседува соодветно искуство и знаење, а младиот состав нуди нови иновативни вибрации, така што заедно претставуваме формула за успех.Сите дишеме како едно големо семејство и секојдневно заедно растеме и се развиваме. Фирмата „Стокуќа“ е флексибилна, усвојуваме нови програми и имаме перманентен прогрес, а тоа ни дозволува да преземаме нови и потешки задачи. Нашите врски ги градиме врз база на бизнис-етика и партнерски односи.
На почетокот во фирмата се работеше само проектирање, но подоцна ја проширивме дејноста и почнавме со инженеринг-проектирање, производство и изведба и сега на тоаработимеконтинуирано. Соработуваме со повеќе фирми од Македонија како изведувачи или подизведувачи.Во семејнатакомпанија работам шест години на местото менаџерка за технички прашања и систем за квалитет.

МАРИЛИ: Кажете ни каква е поврзаноста меѓу Вашето презиме и името на фирмата, дали станува збор за семејна традиција?
СТОКУЌА:
Името на фирмата е всушност нашето презиме кое потекнува од Лика и случајно има градежно име и градежна традиција како од страна на семејството на мојот сопруг така и од страна на моето семејство. Нашата цел е продолжување на семејната традиција, која трае подолг период и пренесување на искуството и знаењето. Еден од нашите предци има учествувано во изработка на првиот проект за подземна железница во Белград, а потоа друг има учествувано како раководител во изведба на инженерски објекти на пруги: тунели, мостови и вијадукти.
Мојот татко работеше во ГП „Гранит“ и во периодот на изградбата на Скопје по земјотресот многу беа ценети инженерите, така штобеше логично барем едно од трите деца да тргне по тој пат.

МАРИЛИ: Вашата компанија нуди целосен инженеринг, проектирање и изградба. Би можеле ли да ги наведете најважните проекти и објекти од Вашата референтна листана кои сте работеле?
СТОКУЌА:
Нашата компанија има работено на повеќе типови објекти, и тоа: индустриски објекти -магацини и производни хали, станбени објекти, административни објекти, хотели, мостови - пешачки и железнички, маркети и пазари, индивидуални станбени објекти, внатрешно уредување.
Како позначајни објекти би ги издвоила:
- Комплекс „Тафталиџе“ – Маркет, Зелен пазар и локали за инвеститор „Скопски пазар“ ад Скопје
- Деловно-трговски објект „Нептун“ и „МrBrikolage“ за инвеститор „Скопски пазар“ ад Скопје
- Магацин за складирање цигари и сувомесни производи со администрација за инвеститор „Експанда“ Скопје
- Хала за производство на фасадна столарија со администрација за инвеститор „Daniel Ruchti“дооелСкопје
- Магацин за складирање стиропор со администрација за инвеститор „ИнгЛули“ Струга
- Хала за производство на стиропор со администрација за инвеститор „ИнгЛули“ Струга
- Хала за производство на течни производи со администрација за инвеститор „ИнгЛули“ Струга
- Хала за производство на суви малтери со технологија во Вори, Тирана, Албанија заинвеститор „Ренова“ Тетово
- Изработка на проектна документација и изведба на челична конструкција за дел од комплексот „РЕМ Центар“за инвеститор „Ренова“ Тетово
- Изработка на проектна документација за доградба на производни капацитети за инвеститор „Ариљеметал“доо Скопје
- Изработка на проектна документација за конструкција за Универзална сала Скопје за инвеститор „Архи груп“ и Министерство за култура
- Изработка на проектна документација за конструкција за објекти во технолошки развојни индустриски зони во Македонија
- Изработка на проектна документација за хотел „Меркур“ за инвеститор „Ренова“ Тетово
- Изработка на проектна документација за мостови во Германија, Холандија, Данска, Србија
- Комплетен инженеринг за радарски кули во Либија, Косово и др.
На оваа референција би ја додала и мојата референција од моето претходно работно искуство во фабриката„Карпош“ ад Скопје. Таму работев 30 година,почнав како приправник инженер, а завршив како генерална директорка. Во фабриката„Карпош“ работев на конструкции од бетон, и тоа столбови за далноводи и мостови низ цела СФРЈ, индустриски објекти, цевки (колекторот за заштита на ОхридскотоЕзеро од отпадни и загадени води, колекторот за заштита на Преспанското Езеро) и други објекти.
Тука би го додала и искуството на мојот сопруг во „Искра Куманово“ каде што има работено на инженерски објекти од челични конструкции низ цела СФРЈ, како и во Ирак, Либија, Советскиот Сојуз идр.

МАРИЛИ: Дали планирате да работите и надвор од бившите ЈУ простори во биска иднина?
СТОКУЌА
: Досега сме работеле на проекти и на објекти во Германија, Либија Ирак, Србија, Албанија и во Косово. Планираме да се прошириме на пазарот на Блискиот Исток за што веќе имаме остварено контакти.

МАРИЛИ: Дали ги следите современите текови во однос на воведувањето стандарди, обуки на кадри и сл.?
СТОКУЌА:
Ние ги прифаќаме и детално ги проучуваме современите трендови, а тоа ни овозможува на секој инвеститор да му понудиме услуга, во согласност со неговите желби и барања. Тоа значи дека нашите стручни лица се специјализирани за индивидуални области, со што истовремено го задоволуваме квалитетот на нашите услуги.


Следејќи ги новините во градежништвото присутни сме на обуки, предавања, семинари и симпозиуми во Македонија и надвор од нашите граници. Перманентно се надградуваат програмите за работа,а се врши и набавка на нови програми.
Имаме воведено систем за квалитетISO 9001/2008; ISO 14001/2004; ISO 18001/2007, а како посебно признание за нашата работа е Сертификатот за работа по Еврокодови – сертификат со кој можеме да работиме комплетна документација – статика со детален инженеринг за конструкции за европски пазар EN 1090-2 EXC4 и EN 1090-3 EXC3. Поседувањето на овие сертификати зборува за нашите настојувања за постојан напредок во работата.
 

МАРИЛИ: Колку млади луѓе имате во тимот и дали тука се вклучени и членовите на Вашето потесно семејство? СТОКУЌА: Во нашата семејна фирма, освен сопругот,вработени се и трите деца - синот Милош Стокуќа(дипломиран градежен инженер), ќерките Марија Стокуќа Терзиевска, исто така, е дипломиран градежен инженер, а Јелена Андловице дипломиран инженер архитект. Во фирмата се вработуваат млади дипломирани градежни инженери и инженери архитекти, дипломиран новинар за водење администрација и дипломиран електро инженер. Во нашата компанија вработените се на возраст од 27 до 35 години, освен јас и мојот сопруг.
Креираме внатрешно хомогена екипа, во која ја одржуваме меѓусебната поврзаност, при што од идеите создаваме реалност,а целта ни е за вработените да создадеме мотивациониработни услови.

МАРИЛИ: Што значи да се биде успешна жена менаџер во семејна фирма, дали е полесно да се одговори на деловните, но и на приватните обврски?
СТОКУЌА:
Успешна жена менаџер во семејна фирма значи високо ниво на посветеност на работата и вклучување во сите делови од работењето на фирмата од технички, административни, па до финансиски.Со прифаќањето на предизвицитесе добива можност за нови големи знаења и за придобивање на наши сопствени искуства.
Приватните и службените работни обврски ми се преплетени и, покрај тоа што сум вработена, сопруга и мајка, сегасум и баба на три внучиња на кои сум многу горда.
 

Содржината е прочитана 1310 пати.