Култура

Денови на Македонска култура во полски Бјалисток

Настанот го отвори директорот на Филхармонијата и Операта во Бјалисток, Дамијан Танајевски, а поздравно обраќање имаше членот на бордот на регионот Подласки, Стефан Крајевски и вршителот на работи во амбасадата на Република Македонија во Полска, Горица Атанасова-Ѓоревска. 

понеделник, 07 декември 2015

Настанот го отвори директорот на Филхармонијата и Операта во Бјалисток, Дамијан Танајевски, а поздравно обраќање имаше членот на бордот на регионот Подласки, Стефан Крајевски и вршителот на работи во амбасадата на Република Македонија во Полска, Горица Атанасова-Ѓоревска.

- Културата претставува точка на поврзување и таа има моќ да премостува граници и да ги приближува народите и нациите. Верувам дека постои солиден потенцијал и се понагласен заемен интерес за културната, економската, научната и образовната соработка, истакна Атанасова-Ѓоревска, изразувајќи надеж дека овој настан ќе стане традиција не само во регионот Подласки, туку и на други места.

Од македонската Амбасада во Полска изразија благодарност на групата „Саракина“ за одличниот концерт со македонска музика, на Филмскиот фонд на Македонија и приватните продукции за отстапените филмови, како и на Пеци Тодоровски, кој се погрижи за автентичното претставување на македонската кујна во Бјалисток.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 525 пати.