Култура

Изложба „Современа македoнска архитектура 1950-1995“ во КИЦ Софија

Во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија е отворена изложбата „Современа македонска архитектура 1950-1995" реализирана во соработка со Асоцијацијата на архитектите на Македонија. 

петок, 04 декември 2015

Во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија е отворена изложбата „Современа македонска архитектура 1950-1995" реализирана во соработка со Асоцијацијата на архитектите на Македонија.

На 25 паноа се претставени најзначајните архитектонски дела на 25 лауреати на наградата за животно дело од архитектурата „Андреја Дамјанов".

Изложбата ја отворија директорот на Центарот Васко Шутаров, а од име на Асоцијацијата Сања Раѓеновиќ Јовановиќ и претседателот на Архитектонската академија при Асоцијацијата на архитектите на Македонија, Александар Смилевски. Ќе биде отворена до крајот на месецов.

Проектот е поддржан од макеоднското Министерство за култура.

(Преземено од МИА)

 

Содржината е прочитана 635 пати.