Инфо

Горивата поскапуваат за 1 до 1,5 денар по литар

понеделник, 16 ноември 2020

Од ноќеска на полноќ горивата поскапуваат за 1 и за 1,5 денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. За еден денар поскапува малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98, додека малопродажните цени на останатите деривати се зголемуваат за 1,5 денар за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,384 денари за килограм.

Со тоа од ноќеска на полноќ Еуросупер БС- 95 ќе чини 60,00 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по 61,50 денари за литар, а дизелот Еуродизел БС (Д-Е V) по 51,00 денари за литар. Литар Екстра лесно масло 1 (ЕЛ-1) ќе чини 51,00 денар, а мазут М-1 НС ќе се продава по 27,580 денари за килограм.
 

Содржината е прочитана 28 пати.