Култура

Тоциновски и Шипинкаровски добитници на меѓународна книжевна награда

Македонските писатели Васил Тоциновски и Петко Шипинкаровски се добитници на меѓународна книжевна награда „ДОНАТ“ што традиционално ја доделува Хрватското книжевно друштво од Задар, Република Хрватска. 

четврток, 03 декември 2015

Македонските писатели Васил Тоциновски и Петко Шипинкаровски се добитници на меѓународна книжевна награда „ДОНАТ“ што традиционално ја доделува Хрватското книжевно друштво од Задар, Република Хрватска.

Признанието на современите македонските писатели им се доделува за творечки опус и за посебен придонес во книжевната соработка меѓу двете национални книжевности.

Досегашни добитници на наградата се Задарска жупанија, Задарски лист, ГК Задар, ХРТ-Задар, Задарска Приватна гимназија како и на угледните хрватски културни работници Анте Михиќ, Анте Грегов Јурин, Валерио Орлиќ, Фикрет Цацан, Жаклина Куфија и Ени Г. Дешковиќ.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 496 пати.