МАКЕДОНИЈА

Пристигнаа првите бесплатни брзи тестови за Ковид-19

понеделник, 02 ноември 2020

Денеска во Министерството за здравство пристигнаа првите 3.000 од вкупно 13.000 брзи тестови за Ковид-19. Тестовите се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен коронавирусот што предизвикува Ковид-19.

Од Министерството за здравство потенцираат дека тестовите се бесплатни за граѓаните, демантирајќи ги шпекулациите кои се појавија на социјалните мрежи дека за нив ќе треба да се плаќа.

Останатиот дел од тестовите кои се донација ќе пристигне до среда, соопштија од Министерството за здравство.

Тестовите ќе бидат распоредени низ 13-те болници во државата, во Клиниката за инфективни болести во Скопје, болницата „8 Септември“, Институт за белодробни заболувања кај децата - Козле и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза - Скопје и ќе се користат за утврдување на сомнителните пациенти дали се позитивни на коронавирус.

Донацијата е од ГД „Гранит“ и Нафтената компанија „Галф оил Македонија“.

 

Содржината е прочитана 43 пати.