Бизнис вести

ТТК Банка АД Скопје отвори нова експозитура во Дебар маало во Скопје

среда, 28 октомври 2020

ТТК Банка АД Скопје отвори нова експозитура во Дебар Маало во Скопје. Експозитурата се наоѓа на булевар „Партизански одреди“ број 26а, на просторот во кој до неодамна беше сместена експозитурата на затворената Еуростандард банка.

Новата современо опремена експозитура на ТТК Банка ќе работи секој работен ден од понеделник до петок со работно време од 8:00 до 16:00 часот и ќе ги опслужува сегментите на физичките и на правните лица со сеопфатни банкарски услуги. Во рамките на експозитурата ќе функционира и банкомат кој намалувајќи го потребното време и трошоци за исплата на готовина, независно од работното време на експозитурата, ќе понуди подобро искуство за корисниците.

„Со особено задоволство денес свечено го означуваме почетокот на работата на новата експозитура во населбата Дебар маало. ТТК Банка АД Скопје ја проширува својата деловна мрежа на уште една атрактивна локација во Скопје, во општина Центар. Следејќи ја главната цел да биде прв и сигурен избор, со своето искуство, традиција и професионалност Банката континуирано се стреми кон унапредување на работењето. Денес, во актуелните услови на епидемија Банката ја зголемува достапноста на производите и услугите што ќе ја олесни реализацијата на секојдневните финансиски потреби на корисниците, жителите на општина Центар, односно градот Скопје“, рече претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, д-р Драгољуб Арсовски.

По повод отворањето на експозитурата, ТТК Банка АД Скопје подготви изненадувања за првите 100 корисници кои ќе отворат сметка, ќе ги активираат дигиталните услуги на Банката, електронско банкарство TTK E-bank и мобилно банкарство TTK M-bank или ќе аплицираат за кредит во новата експозитура.

На истата локација ќе биде достапна и услугата за брз трансфер на пари- MoneyGram.

Со отворањето на новата експозитура во Скопје ТТК Банка АД Скопје ја прошири својата деловна мрежа на вкупно 28 локации, од кои 8 во Скопје, а останатите 20 надвор од главниот град.
 

Содржината е прочитана 60 пати.