Бизнис вести

Вилма Учета Дузлевска е нов генерален директор на Триглав осигурување Живот

вторник, 27 октомври 2020

Вилма Учета Дузлевска е нов генерален директор на Триглав осигурување живот и извршен член на одборот на директори. Таа ја превзема челната позиција во компанијата како искусен менаџер од областа на осигурувањето откако цели осум години беше прв човек на Кроација осигурување живот, а потоа и неколку месеци раководеше со Корација осигурување неживот.

Учета Дузлевска е добитник на овогодинешната награда Business Elite’s „40 under 40“ како еден од најдобрите менаџери до 40 години во Југоисточна Европа од Меѓународната комисија на Business Elite Awards со седиште во Торонто.

Инаку, Триглав осигурување Живот АД Скопје како дел од групацијата Триглав, која е воедно најголемата осигурително-финансиска групација во регионот Адриа, на македонскиот осигурителен пазар е присутна од 2017 година.
 

Содржината е прочитана 71 пати.