Бизнис вести

„Гранит“, „Млекара“ - Битола и „Макстил“ се компании со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа

Изборот на трите најдобро рангирани компании беше во организација на Националниот Совет за безбедност и здравје при работа со поддршка од Министерството за труд и социјална политика

среда, 21 октомври 2020

ГД Гранит АД – Скопје, Млекара АД – Битола и Макстил АД – Скопје се годинашните добитници на Националната награда за компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа за 2020 година. Изборот беше во организација на Националниот Совет за безбедност и здравје при работа со поддршка од Министерството за труд и социјална политика.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска вчера ги врачи плакетите на трите најдобро рангирани компании во нашата држава, истакнувајќи ја притоа исклучителната важност на безбедноста и здравјето при работа, на креирањето и успешната имплементација на политики и системи на безбедност и здравје на работното место, како и културата на превенција. Сите овие области се од особено значење и многу актуелни во светот.

„Законот за безбедост и здравје при работа заедно со Законот за работни односи, како два системски закони кои се комплементарни се закони на кои ќе се работи периодов кој следува, затоа што сакаме да ги изградиме согласно највисоките европски стандарди почитувајќи ги препораките на МОТ и експертизата на стручните лица“, рече Шахпаска.

Таа истакна дека ова прогласување и доделување на наградите се реализира во текот на Европската недела за безбедност и здравје при работа (од 19 до 23 октомври оваа година), со што Македонија заедно со сите останати европски земји рамноправно се вклучува во одбележувањето на овие значајни датуми кои се целосно посветени на подигнувањето на свеста кај сите субјекти за прашањата поврзани со безбедноста и здравјето при работа.

 

Содржината е прочитана 79 пати.