Бизнис вести

Бесими: „Јавниот долг се зголеми на 60,3 отсто од БДП“

четврток, 15 октомври 2020

Редовната ревизија на номиналните вредности на домашниот бруто-производ од страна на Државниот завод за статистика на 5 октомври го зголеми буџетскиот дефицит во новиот ребаланс на Буџетот од 8,4 отсто на 8,5 отсто од БДП, а на јавниот долг од 59,5 отсто на 60,3 отсто од БДП, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими на седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет на почетокот на расправата за ребалансот на Буџетот.

Бесими појасни дека е направено ревидирање на вредностите за БДП за 2018 и за 2019 година со што е коригиран номиналниот БДП за 2019 година, што придонело да се променат и релативните проценти на јавниот долг и на дефицитот споредени со БДП за овааа година.

„Ако се намалува БДП за 2019 во номинален износ, се намалува во номинален износ и БДП за 2020 година. Тоа што беше предвидено за 2020 како проекција за пад на БДП од 4,4 отсто, односно, намалување на економската активност, останува, но ако се споредат со номиналните вредности на БДП за 2020 година се променува процентот
на дефицитот и на јавниот долг“, рече Бесими.

Тој потенцираше дека влошените прогнози за влијанието на пандемијата ќе придонесат кризата да трае подолго и подлабоко и се очекува пад на БДП и во третиот и четвртиот квартал, но во помали проценти во однос на вториот квартал
 

Содржината е прочитана 39 пати.