Бизнис вести

Одобрена третата бескаматна кредитна линија Ковид 3

четврток, 15 октомври 2020

Владата ја одобри третата за бескаматна кредитна линија со грант компонента Ковид 3 наменета за микро и мали претпријатија погодени од Ковид-19. Финансиските средства се повлечени од 50-те милиони евра награда за успешност заради целокупниот напредок во процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Владата на синоќешата седница го задолжи Министерството за финансии да потпише договор со Развојна банка АД Скопје за администрирање на средствата од новата, трета по ред бескаматна кредитна линија Ковид 3.
За ова, Министерството за економија треба да предложи одлука за префрлање на средствата од програма П1 од вкупно 60.000.000 денари на посебна сметка на Развојната банка како придонесе од Буџетот за оваа мерка.

„Финансиските средства од оваа бескаматна кредитна линија се повлечени од 50-те милиони евра награда за успешност заради целокупниот напредок во процесот на европска интеграција на Северна Македонија. За ова Владата со официјален допис се обрати до Европската комисија со кој извести дека средствата ќе се користат за антикризни мерки“ соопшти Владата.

Првата кредитна линија од 5,7 милиони евра беше објавена во март е претставуваше директна помош за микро, мали и средни претпријатија од секторите кои беа најпогодени од пандемијата – угостителство, туризам и товарниот транспорт, додека со втората линија бескаматни кредити во мај беа одобрени 2 милиони евра за 117 фирми во кои работат 3.001 вработен.

 

Содржината е прочитана 46 пати.