Инфо

Изменет сообраќаен режим во Скопје од петок до понеделник поради снимање филм

среда, 14 октомври 2020

Порад снимање филм во петок, сабота, недела и понеделник ќе има привремен прекин на сообраќајот на дел од сообраќајниците во централното градско подрачје на Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Во петок од 11:00 до 14:00 часот ќе има привремен прекин на сообраќајот на улицата „Даме Груев", а од 14:00 до 18:00 часот на улицата „Димитрие Чуповски“ кај автобуската постојка спроти Театарот за деца и млади. Во периодот помеѓу 14:00 и 17:00 часот привремен прекин на сообраќајот ќе има на на булеварот „ВМРО", на автобуската постојка пред главната Пошта.

Во сабота во времето од 14:00 до 17:00 часот ќе има прекин на сообраќајот на булеварот „ВМРО" на истата локација, а од 20:00 до 23:00 часот на булеварот„Партизански одреди", кај првата автобуска постојка од страната на хотел „Дувет" до пред улицата „Аминта Трети".

Во доцните попладневни и ноќни часови во недела кон понеделник, во времето од 17:00 до 01:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин на улицата „Св. Кирил и Методиј" од паркингот и автобуската постојка пред влезот на ТЦ „Рамстор" до НЛБ Банка.

Од МВР соопштуваат дека Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
 

Содржината е прочитана 63 пати.