Бизнис вести

ЕБОР и НЛБ Банка потпишаа договор за кредит од 8 милиони евра за поддршка на домашните фирми

среда, 16 септември 2020

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и НЛБ банка Скопје потпишаа договор за финансиски пакет од 8 милиони евра за поддршка на македонските претпријатија.

Финансискиот пакет се состои од две кредитни линиии, една од 5 милиони евра од програмата за поддршка на конкурентноста на локалните мали и средни претпријатија, и кредитна линија од 3 милиони евра од програмата за финансирање на зелена енергија за поддршка на инвестициите во зелени технологии.

Условите за кредитите ќе бидат објавени во текот на следните два дена. Генерално, кај правните лица периодот на отплата ќе биде пет години со грејс период од една година. Каматните стапки ќе се движат од 3 до 5 проценти.

Кај физичките лица ќе има два продукти – еден потрошувачки кредит до 10.000 евра и еден станбен кредит до 50.000 евра. За заедница за станари висината на кредитот ќе биде до 300.000 евра.

 

Содржината е прочитана 112 пати.