Бизнис вести

Повик од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за програмата за поддршка на старт-ап бизниси

StarVenture програмата, која е финансирана од Министерството за финансии на Луксембург помага на старт-ап бизниси од Западен Балкан преку советување, менторски програми, пристап до финансии, како и меѓународно вмрежување

вторник, 15 септември 2020

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) упатува повик за учество во програма за поддршка на старт-ап бизниси StarVenture . Повикот е наменет до сите иновативни старт-ап бизниси со висок потенцијал за раст.

Европската банка за обнова и развој преку StarVenture програмата, која е финансирана од Министерството за финансии на Луксембург помага на старт-ап бизниси од Западен Балкан преку советување, менторски програми, пристап до финансии, како и меѓународно вмрежување.

Сите кои се заинтересирани за повеќе информации може да ја посетат страницата https://www.ebrd.com/starventure/start-ups.

Аплицирањето за учетво во програмата е најдоцна до 30 септември 2020.
 

Содржината е прочитана 41 пати.