Инфо

Горивата поевтинуваат за 1 - 1,5 денари по литар

понеделник, 14 септември 2020

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,93 проценти, што значи дека горивата ќе поевтинат 1 до 1,5 денар по литар.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,00 денар по литар и со тоа од ноќеска на полноќ Еуросупер БС-95 ќе се продава по 58,50 денари литар, а Еуросупер БС-98 по 60,50 денари литар.

За 1,5 денар по литар се намалуваат малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), што значи дека литар ќе се продава по 49,00 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,407 денари и еден килограм ќе чини 24,549 денари.

 

Содржината е прочитана 32 пати.