МАКЕДОНИЈА

Во јули државава ја посетиле 94,9 отсто помалку странски туристи отколку лани

понеделник, 14 септември 2020

За 94,9 отсто опаднал бројот на странски туристи во јули годинава во однос на јули лани, додека бројот на домашните туристи се намалил за 4,8 проценти, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Поточно, во јули 2020 година земјава ја посетиле 4.991 странски туристи, наспроти 97.666 колку што престојувале во истиот месец минатата година. Домашни туристи, пак, имало 70.000, а лани во јули биле 74.196. Странците оствариле за 93,4 проценти помалку ноќевања, а домашните туристи ноќевале за 6,3 отсто помалку во однос на јули 2019 година.

Според податоците на ДЗС, вкупниот број на туристи во јули годинава изнесува 75.591 кои оствариле 436.180 ноќевања. Вкупниот број на сите туристи е намален за 56 отсто, а на ноќевањата за 36,1 отсто.

Во периодот јануари ‒ јули оваа година, во однос на истиот период од претходната, вкупниот број на туристите е намален за 67,4 отсто, и тоа: кај домашните има намалување за 43,9 отсто, а кај странските за 79,6 отсто.
Во истиот период, вкупниот број на ноќевањата е помал за 56,6 отсто, кај домашните туристи за 30,8 отсто, а кај странските за 80,3 отсто во споредба со првите седум месеци од минатата година.

 

Содржината е прочитана 37 пати.