Култура

Саемот на книга со продолжено работно време денеска и в сабота

петок, 11 септември 2020

Поради зголемениот интерес од страна на читателската публика, а воедно и поради почитување на протоколите за заштита од Ковид-19, организаторите на Саемот на книга заедно со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија донесоа одлука Саемот на книга да има продолжено работно време во петок и сабота.

Работното време во петок (11 септември) е од 10:00 до 21:00 часот, а утре, сабота (12 септември) од 10:00 до 22:00 часот.

Сите други денови останува со редовното работно време.

Организаторот потсетува дека билетите можат да се набават и преку онлајн електронскиот систем на www.karti.com.mk, по цена од 30 денари.

 

Содржината е прочитана 42 пати.