Бизнис вести

„МЕМО ДООЕЛ“ назначен за оператор на организираниот пазар на електрична енергија

четврток, 10 септември 2020

Владата на вчерашната седница ја усвои Информацијата во врска со назначувањето на националниот оператор на пазар на електрична енергија „МЕМО ДООЕЛ“ – Скопје за оператор на организираниот пазар на електрична енергија.

На предлог на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Владата ја донесе Одлуката за назначување на операторот на пазарот на електрична енергија за оператор на организираниот пазар на електрична енергија.
 

Содржината е прочитана 39 пати.